Жителите на Крива Паланка наскоро ќе добијат нов модерен Ургентен центар

Жителите на Кривопаланечко наскоро ќе добијат нов и модерен ургентен центар, а со реконструкцијата на здравствениот дом „Димитар Арсов“ која е во тек ќе биде променет ликот на постојниот објект кој се уредува по точно половина век од изградбата, информираше директорот на домот, Радивој Маџовски.

Станува збор за втора фаза од реконструкцијата на здравствениот дом во Крива Паланка која се реализира како дел од проектот на Министерството за здравство за реконстуркција на јавните здравствени установи во земјава, започнат во 2010.

- Во оваа фаза од проектот се  адаптираат простории на приземјето каде ќе биде сместена итната медицинска помош, се реконстурираат дотраените санитарни јазли и бањи кои комплетно ќе бидат опремени, се реконстуира вкупна покривна конструкција од околу 1.100 метри квадратни, ќе биде направена термо-изолациска демит фасада со површина од 2.200 метри квадратни, како и громобранска инсталација и хоризонтални и вертикални олуци, изјави Маџовски.

Одговорните истакнаа дека дополнително вложуваат и во човечки и технички ресурси за комплетна реализација на обновата и обезбедување подобри услови за граѓаните на Крива Паланка, кои со реновирањето на здравствениот дом ќе добијат и подобри здравстени услуги.

До сега во рамки на проектот за обнова и реконструкција на здравствениот дом „Димитар Арсов“ од Крива Паланка во 2010 година направена е комплетна замена на дрвената со ПВЦ столарија и направена е нова хидрантска мрежа, а според зборовите на директорот Маџовски, во наредната фаза од реновирањето ќе мора да се обезбедат средства за комплетно опремување на ургентниот центар.

19.03.2014 - 09:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега