ВИДЕО: Погледнете каков Аква парк ќе добие Прилеп

На површина од 4.500 метри квадратни со изградени тобогани, лизгалки, базен за деца, базен за возрасни, шанкови во вода, лежалки, стејџ, административна зграда со ресторан,  кафе-барови, санитарни јазли, туш кабини, соблекувални и прва помош -  Прилепчани ќе ја добијат новата летна атракција. Објектот ќе поседува и стандардизирани машински сали и современ систем за филтрација на водата. Аква паркот ќе овозможи нови работни места, за лица кои ќе бидат ангажирани во угостителските објекти,  кафе-баровите и ресторанот. Ќе има редарска служба и просторија за давање итна медицинска помош. Прилепчани со нетрпение ја очекуваат новата атракција, место за забава и разладување во летните горештини. 

19.03.2014 - 15:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега