Форбс: Македонецот Даут меѓу десетте најбогати шефови на подземјето во светот

Реномираниот светски магазин Форбс обајви во јуни 2013 година листа на најбогати шефови на подземјето, а тоа што е интересно е дека осомничениот  за трговија со коакин Дарко Шариќ се најде на високото пето место.

Додека на 10 позиција се наоѓа албанскиот нарко бос од Македонија Даут Кадриовски, кој падна за една позиција во однос на минатата година пренесува порталот Кафе дел Монтенегро.

На прво место и натаму неприкосновен е водачот на руската мафија Семјон Могилевич за кого се проценува дека располага со 54 милијарди американски долари.

Го следи сицилијанскиот кум на Коза Ностра Матео Месина Денаро, познат како Дијаболик, со имот од 48,5 милијарди долари.

На трето место е кинеско-тајвански шеф на Тријадата, Белиот Волк со 42 милијарди долари и 15.000 јуана. Следи Хоакин Гузман Лоера наречен Ел Чапо, мексикански шеф на Синалоа картелот тежок 35 милијарди долари.

На пето место е Шариќ кој со 27 милијарди долари.

19.03.2014 - 22:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега