„Алфите" нападнати од жена
СВР Скопје по целосно документирање на случајот ќе поднесе кривична пријава против 59-годишната В.Л. од селото Љубин, 41-годишниот Н.Н. и 36-годишниот Б.С. од Скопје кои ги нападнале Алфите.
Според податоците од полицијата, пред неколку денови околу три часот на булеварот „Партизански Одреди“ полициски службеници од ЕПОИ „Алфа“ додека вршеле патрола забележале патничко возило „Нисан“ кое се движело неконтролирано и со голема брзина поминало на црвено светло. Полициските службеници со употреба на светлосни и звучни сигнали го сопреле возилото, а откако од него излегле пријавените започнале вербална расправија, по што В.Л. и Н.Н. физички ги нападнале полицајците, додека Б.С. ги трукала и влечела.
Насилниците биле совладани, а при извршено алкотестирање е утврдено дека имале алкохол во крвта.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа