Во Косово се користи „Тамифлу“ со изминат рок

Како што пишуваат косовските медиуми дека во земјата се користат таблети „Тамифлу“ со изминат рок, односно со важност до октомври 2013 година.

Косовското Министертво за здравство и приштинската Инфективна клиника сепак смируваат дека европската и американската агенција за лекови констатирале бидејќи  производот „Тамифлу“ може слободно да се користи и две години по истекот на рокот.

Директорот на Инфективната клиника, Шемседин Дрешај најави дека до менаџментот на Универзитетската клиника доставил барање за набавка на овој лек уште во јануари кога се појавиле првите случаи на заразаени од висурот Х1Н1 во регионот.

Од почетокот на годинава од овој вирус во Косово беа инфицирани четириесеттина пациенти, од кои досега починаа четворица. Првата жртва  беше жена на возраст од 57 години од општина Драгаш, втората, 49-годишен маж од Ораховац, третата 30-годишна трудница, додека четврттата, жена од општина Гњилане.

21.03.2014 - 15:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега