ВИДЕО: Краделе што им дојде при рака од викендици - фатени крадци од Скопје
Гази Бабa до надлежното ОЈО Скопје со кривична пријава ги предаде 35-годишниот Б.А. и 33-годишниот П.А. од Катланово кои извршиле краделе што им дојде при рака од куќи ивикендички.
Пријавените краделе во временски период од средината на октомври минатата година до почетокот на март годинава на подрачје на Гази Баба, во атарот на село Катланово. Краделе на местото викано “Стари Лозја“ и “Фазанерија“. Притоа, тешките кражби од викендици ги извршувале на различни начини влегувајќи преку насилно отварање на влезна врата со употреба на хебла преку прозор од подрум со употреба на физичка сила и преку влезна врата каде претходно насилно, со употреба на подесен алат делувале на катанец. Ограбиле и возило на тој начин што со употреба на подесен алат го демонтирале тркалото од возилото, потоа ја отвориле предната хауба и го одзеле резервното тркало.
Според документираните сознанија од истрагата од викенд куќите одземале разни предмети (електрична рачна пила, плинска скара, телевизор, монтиран јавувач за кражба, гусан камин, мотокултиватор, бакарна пумпа за прскање лозје, електричен кабел, разен алат, бакарен капак од казан за варење ракија, потопна пумпа за вода, машина за перење алишта, машина за миење садови и друго) со што се здобиле со противправна имотна корист од околу 216.000 ден. Пријавените дел од украдените предмети ги продале на непознати лица, а дел ги користеле за лични потреби. Истите, со потврда за привремено одземени предмети се пронајдени, одземени и вратени на оштетените.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа