Го врзале ограбиле и малтретирале со часови - делчевчанец преживеал хорор
Делчевчанец синоќа преживеал вистински хорор откако две засега непознати лица физички го нападнале и го малтретирале.
Според податоците од полицијата, насилниците во дворно место во куќа сопственост на 44-годишниот Т.Р. го удирале со тупаници во пределот на телото и главата, го врзале и со закана со нож му барале пари. Откако делчевчанецот кажал дека нема пари за да им даде, разбојниците влегле во куќата, извршиле прабарување и одзеле 1.100 евра, 2.000 денари, 10 лева и еден мобилен телефон.
Полицијата по превземени мерки ги приведе 32-годишниот А.Д. и 34-годишниот П.Т. од Свети Николе поради сомнение дека се можни сторители на кривичното дело.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа