Стружанец дома криел цел арсенал оружје
Кај 37-годишниот стружанец Ж.А. при претрес на домот биле пронајдени пиштол марка ТТ М 57 со калибар 7,62 мм со рамка со осум куршуми, пиштол „Берета“ калибар 22 мм. со една празна рамка, пиштол „Револвер“ марка Застава М83/92 со шест куршуми во него, пиштол марка „ГЛОК 17“ со шеснаесет куршуми во истиот, ловна пушка со три патрони, една празна рамка од пиштол, 42 парчиња муниција калибар 9мм, заштитен елек, една пластична кутија за пиштол и две пластични паковки за пиштол.
Стружанецот ќе си заработи кривчична за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјал“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа