Иран ја предупреди Албанија за загрозување на националната безбедност

 

Техеран ја предупреди Тирана, дека одлуката за приемот на првите 14 од 210 членови на организацијата „Муџахедини на народот“, може да ја загрози националната безбедност на Албанија. 

Ваквото предупредување стигна од член на иранскиот Парламент. 

- Владата на Албанија ќе треба да избегне да ја повтори грешката што ја направија другите држави, кои примија членови на „Муџахедини на народот“, бидејќи тие луѓе се исклучително опасни за националната безбедност на земјата и на целиот регион, истакна иранскиот парламентарец.

Првата група од 14 од 210 членови на организацијата која што се смета за опозиција на режимот на претседателот Махмуд Ахмадинеџад во Иран пристигнала пред неколку дена во Аланија.

Околу 3.000 членови на  „Муџахедини на народот“ живеат во американска база во Ирак.

најчитано сега