Трагедија го потресе Скопје: Претепале до смрт тригодишно детенце
Трагедија го потресе Скопје. Во полициска станица било пријавено дека на улицата “172” има починато тригодишно детенце.
Според податоците од полицијата, се работи за 3-годишниот М.С. кое според кажувањата на луѓето починало од пад од скали. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција. По извршена обдукција врз починатото детенце било констатирано дека станува збор за насилна смрт и дека истото починало поради претепување.
Од страна на МВР прземени се мерки за расчистување на случајот при што приведени се сите лица кои живеат во куќата на споменатата адреса и по извршени разговори со истите констатирано е дека можен сторител на делотот е 34-годишниот Џ.Б.
По целосно документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело “убиство” а против неговата сопруга Ј.М. за кривично дело “помагање”.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа