Силувач напаѓал девојки низ охридските улици - еве што се случило
Охриѓанец си заработи кривична пријава поради тоа што напаѓал сограѓанки.
Според податоците., се работи за 20-годишниот А.Р. од Охрид кој во текот на минатиот и овој месец, по кратко следење во вечерните часови користел погоден момент и со употреба на сила нападнал две жени од Охрид.
Во првиот случај, монструмот следел 31 годишна охриѓанка по што пред влезот од зграда физички ја нападнал. Тој насилно одвлекувајќи ја со раце почнал да ја допира по целото тело обидувајќи се да ја присили на обљуба, а во вториот случај, околу 21 часот на улицата „Богомилска“ забележал девојка и веднаш и се втурнал фаќајки ја силно за двете раце. Потоа, со извртување на рацете ја повлекол кон себе и започнал да ја допира по телото сакајќи да изврши обљуба врз неа.
За среќа, охриѓанките успеале навреме да се извлечат од канџите на насилникот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа