ФОТО: Премиерот Груевски со семејството се радуваше на победата на Металург
Претседателот Иванов и Премиерот Груевски заедно со сопственикот на РК Металург Минчо Јорданов и денеска беа дел од публиката во салата Борис Трајковски.
Груевски натпреварот го следеше со сопругата и двете ќерки а натпреварот го следеше од вип ложата каде што беа сместени и претседателот на ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов и вицепремиерот и министер за финнанси Зоран Ставрески. Меѓу присутните можеа да се забележат и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.
Премиерот Груевски и Претседателот Иванов и вчера беа во арената Борис Трајковски за да му дадт поддршка на тимот на Вардар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа