ФОТО: Ова е новата зимска убавица
Во саботата вечерта во дискотеката „Лолипоп“ во Куманово се одржа финалето на изборот за Зимска убавица на Македонија 2014.
Во конкуренција од 14 финалистки, победи Ивана Георгиевска. Прва придружничка е Ана Марија Таневска, а за Втора придружничка беше избрана Вероника Николовска, сите три од Скопје.
Победничката добива право да ја претставува Македонија на еден од интернационалните избори за убавина или модели за кои Модното студио Црнокрак поседува лиценци, а исто така доби и стипендија од Универзитетот за Туризам и Менаџмент од Скопје во вредност од 6.000 евра.
Круната на новата Зимска убавица на Македонија 2014 и ја предаде минатогодишната, Кристина Димитријевска од Тетово.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа