Шариќ седна на обвинителната клупа - еве што изјави

Започна судскиот процес против Дарко Шариќ кој е обвинет за меѓународна трговија со дрога. На обвинителната клупа Шариќ негираше дека е виновен.

- Можеби малку ќе се занесам па адвокатот ќе го искористи тоа за да каже дека сум непресметлив. Ова е масло на поранешниот режим, да ги сокријат своите крадци, а да ме наместат мене. Јас не сум згазнал ни на мравка, изјави Шариќ во судит, пренесе Курир.рс.

Тој додава дека не се чувствува виновно за ниту едно од обвинувањата. Додава дека работел и сегледал со многу лица кои и денеска се на високи позиции.

- Адвокати бранете ме малку, изјавил Шариќ низ смеа.

Сопругата на Шариќ пристигна во Судот околу 8 часот и 45 минути.

 

24.03.2014 - 11:47
Фото: 
курир.рс

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега