Ограбени четири цркви во ресенско - еве што одзеле крадците
Црквите повторно мета на крадци. Во последните неколку денови се ограбени четири цркви.
Во првиот случај е ограбена црквата „Св. Никола“ во Сопотско, ресенско каде непознат сторител со употреба на подесен алат и физичка силаодзел околу 900 денари и метален крст. Во вториот случај пријавено дека во периодот од 21 до 22 месецов во црквата „Богородица“ во Крани, непознат сторител со употреба на погоден алат извршил тешка кражба при што одзел сребрен крст кој тежел околу 400 грама и околу 2.700 денари.
Во истиот период и во Лева Река, ресенско, непознат сторител со употрерба на подесен алат извршил тешка кражба во црквата „Св. Никола“ од каде одзел 500 денари, додека вчера околу 16 часот, во Кривени, ресенско, непознат сторител со употреба на подесен алат извршил тешка кражба во црквата „Св. Ѓорѓија“ од каде одзел 200 денари.
Полицијата трага по сторителите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа