Студенти ќе изработуваат бизнис планови за енергетска ефикасност
Студентите на економските и техничките факултети од денеска до крајот на месецов може да се пријавуваат на конкурсот за изработка на најдобар бизнис план за енергетска ефикасност што е објавен на веб-странцата www.energetskaazbuka.mk. За ова денеска информираше министерот за економија, Ваљон Сарачини.
- Денеска во рамките на Платформата за енергетска ефикасност промовираме концепт во кој ги вклучуваме студентите кои треба да изработат бизнис план за проект за енергетска ефикасност. Целта ни е да добиеме нови идеи од страна на студентите како подобро да се искористат мерките за енергетска ефикансоност, вели Сарачини.
Министерството за економија во последните две години реализирало неколку значајни проекти за подобрување на енергетската ефикасност во Македонија. Потсети дека преку проектот со Светка банка вреден четири милиони долари вопоследнивдве години е подобрена енергетската ефикасност на 42 училишни објекти во 15 општини. На тој начин, посочи, реконстурираните училишта имаат заштеди по 35 до 50.000 долари годишно за задоволување на енергетските потреби.
- Многу наши компании и општини веќе почнаа годинава да конкурираат за оваа програма. Токму енергетската ефикасност е клучна за зголемување на конкурентноста на компаниите на домашните и странските пазари, но и за подобрување на продуктивноста и оптимизацијата на трошоците, рече Сарачини.
Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Вернер Хенгст посочи дека ЕВН Македонија досега спровела многу прграми за вработување, особено за младите луѓе, но оти се уште постои јаз меѓу она што го нуди образованието и потребите на реалниот сектор.
- Како енергетска компанија ние работиме интензивно на примената на енергетската ефикасност, особено во реалниот сектор. Но, за да имаме поголема практична примена неопходна е едукација, особено кај најмладите кои во иднина ќе бидат носители на развојот во економијата. Затоа овој натпревар е важен, бидејќи ќе отвори една нова димензија на размислување која треба да стане редовна пракса во следниот период, рече Хенгст.
Инаку, пистигнатите трудови ќе ги разгледува стручна комисија, а најдобрите три проекти ќе добијат парични награди во износ од 30.000, 18.000 и 9.000 денари. За пријавените студенти ќе се организира и кратка обука од стручни лица за критериумите за изработка на бизнис планот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа