ВИДЕО: Откако го победи ракот познатата музичка ѕвезда се врати на сцената!
Американската пејачка Анастасија пред три дена се врати на музичката сцена со нова песна „Stupid Little Things“, по тешкиот период кој го помина боледувајќи од рак на дојката.
Четириесетгодишната пејачка во мај ќе го лансира својот нов албум „Resurrection“ со кој ќе го обележи нејзиното враќање на светската музичка сцена по добиената битка со ракот на дојката која траеше од 2003 година.
„Пишувањето на песните ми помогна да ги преживеам тешките моменти. Самиот факт дека можат да ја раскажам мојата приказна помага“, вели Анастасија.
Минатата година пејачката на својот Твитер ги израдува фановите и напиша дека е во последната фаза на опоравувањето по двократната мастектомија.
Нејзиниот последен албум, „It’s a Man’s World“ не помина добро на британските топ листи, а последниот сингл со кој влезе во топ 40 „Heavy on my Heart“ е од 2005 година.
Таа вели дека болеста не уепала да го намали нејзиниот креативен процес, и дека сега во целост е фокусирана на својата кариера.
Погледнете го новиот спот на нејзината нова песна „Stupid little Things“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа