Монструозна разврска во скопски Бит Пазар: Го претпепале 3 годишното дете до смрт бидејќи го помочало тепихот

 

Тригодишното дете го претепале до смрт бидејќи се помочало на тепихот. Стравични резултати дава првичната истрага на случајот со смртта на 3 годишното дете во скопски Бит Пазар, јавува Канал5.

Утрово Плусинфо објави дека ечела музика во куќата во Бит-Пазар во која се случи хоророт кој ја потресе Македонија. Како што пишува порталот, 34-годишниот скопјанец Џ.Б. заврши во притвор под сомнение дека ја претепал малата Мевљана С. со електричен кабел, додека неговата сопруга, 25-годишната Ј.М. ќе си заработи кривична за помагање. 

Сестрата на Ј.М. за Плусинфо раскажува дека нејзината сестра пред три месеци со сопругот се вселила во вториот кат од куќата лоцирана на Бит-Пазар, а потоа кај нив се вселила и мјката на Мевљана која била пејачка што работела во кафеана во близина на Катланово, а нејзиниот маж од неодамна завршил во затвор. Бидејќи останала сама со децата, побарала помош од брачниот пар кој ја примил во својот дом.

- Верувајте ми, тешко ми е и морничаво што живеам овде и што секој ден ќе морам да ги гледам скалите, да знам дека на еден ѕид од мене се случило нешто толку ужасно, во куќата што ми ја остави мајка ми. За инцидентот дознав кога ги видов лекарите и полицајците. Ние не разговаравме со сестра ми подолго време поради сметките за струја. Цел ден во петокот трештеше музика од горе и ништо не слушнавме. Ама, знам дека се во притвор двајцата, и сестра ми и маж ѝ. Со него имавме проблеми и порано, зашто ни го скрши цилиндерот од бравата на влезната врата, изјавува жената.

Според нејзиното раскажување, во моментот кога бебенцето било убиено ечела музика во куќата, па затоа и никој не слушнал каков грозоморен настан се случува зад четирите ѕида. 

- Цел ден во петокот од горе се слушаше музика. И соседите реагираа да го намалат тонот. Колку пати се случуваше, јас да ги хранам децата на сестра ми, зашто таа им даваше да јадат од она што го јаделе кучињата. Мевљана беше златно дете, убавко, мирно, но сестра ми често ја прекоруваше ако дојдеше кај мене да ѝ дадам за јадење - раскажува сестрата на осомничената, пренесе Плусинфо.

Инаку, наодите од судска медицина покажуваат дека бебенцето било често тепано, имало модринки по телото,и биле скршени ребрата од двете страни, а клучната коска на малечката била скршена пред околу 2 недели. 

24.03.2014 - 22:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега