ВИДЕО: Ултра згодната Северина повторно заведува
Додека се опоравува од операцијата на коленото, хрватската пејачка Северина, реши на Фејсбук да објави секси фотографии од снимањето на видео записот за песната „Алкатраз“.
Таа е позната по нејзината провокативна страна па така и овој пат позираше во неколку прекрасни корсети и ги покажа своите сексапилни атрибути.
"Оваа песна е како жена, емоционална, но силнa и говори за бескрајната љубов. Алкатраз, како казна, но и како спас, е една од оние песни, каде публиката ќе ме надгласи" вели пејачката
Уживајте во новата песна и видео, порача кралицата на хрватската музичка сцена на својот Фејсбук профил, по премиерата на својот нов спот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа