Деми Мур бесна поради бременоста на Мила Кунис

Веста дека овој славен пар го чека своето прво дете ја извади од кожа поранешната сопруга на Ештон Качер.

Деми Мур, наводно воопшто не го поднела добро фактот за новиот развој на врската со Мила Кунис.

"Таа беше љубоморна на Мила и нејзината кариера уште пред да ја започне врската со Ештон. А сега, кога Мила го има нејзиниот маж и уште и чека дете со него, Деми тоа многу тешко го поднесува", изјавил извор близок на актерката за Showbiz Spy.

Според гласините, кои се потврдени од повеќе извори, за љубомората најмногу придонел фактот што Ештон не сакал да има деца додека бил во брак со неа.

"Додека беа во брак тие не се сложуваа околу основањето на семејство. Таа сакаше дете, но тој наводно никогаш не бил спремен да стане татко.

Ова што тој одеднаш е спремен со Мила да има дете, навистина ја растревожи", тврди пријател на Деми и додава дека дополнителна нервоза создало тоа што актерката не дознала директно од Ештон.

 

Двојката го финализираше разводот кон крајот на минатата година, а по се изгледа Ештон и тоа како продолжил со животот.

25.03.2014 - 10:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега