Ријана и официјално прогласена за модна икона
Познатата пејачка од Барбадос Ријана, е прогласена за модна икона за 2014 година од страна на Здружението на американски дизајнери (ЦФДА).
Наградата на 26-годишната пејачка ќе и биде врачена на 2 јуни во Њујорк, на свеченоста по повод годишнината од формирањето на Здружението.
Ваква награда се доделува на познати личности чиј стил на облекување има најголемо влијание врз поп културата ширум светот.
Претходни добитници на наградата се пејачката Лејди Гага, манекенките Иман и Кејт Мос и актерката Никол Кидман.
25.03.2014 - 11:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа