Се обидел да го прегази па го прободел со нож - крвава расправија за девојка во Радовиш

 

Крвав ден во радовишко. Според податоците од полицијата, вчера околу 13 часот и 15 минути, 38-годишниот З.Т. од Радовиш поради претходна расправија за девојка, се обидел да го прегази со моторцикл, а потоа и му нанел четири убодни рани со нож во пределот на рамото, раката и ногата на 21-годишниот Д.И.

Насилникот го пресретнал младото момче на улицата „Илија Алексов“.

На пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

 

25.03.2014 - 12:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега