Нелегално организирале игри на среќа
СВР Струмица поднесе кривична пријава против 55-годишниот П.Т. и 31-годишниот М.Т. од Пробиштип и за 27-годишниот П.Т. и 26-годишниот З.С. од Радовиш кои нелегално организирале игри на среќа.
Според податоците од полицијата, полициски службеници во координација со Управата за јавни приходи извршиле претрес во објект лоциран во радовишко, во сопственост на прво и второ пријавените, каде се затекнати П.Т. и З.С. како организираат игри на среќа без лиценца, користејќи го неовластено логото и заштитната трговска марка на фирмата „Плеј Ин“.
Исто така, полицијата утврдила и дека во објектот се врши обложување на трки со кучиња.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа