Иако тежи милиони тој на децата нема да им остави ниту денар
Познатиот претприемач Џон Робертс е еден од милионерите кои на своите деца не планираат да им остават ниту денар од своето богатство.
Робертс е милионер со скромен почеток кој го напуштил училиштето и без никакви квалификации влегол во водите на бизнисот. Тој пред точно 14 години ја основал компанијата "Aplliances Online" која постигнала огромен успех, а богатството од 500 милиони фунти го заработил од продажабата на тој бизнис.
Тој вели дека своето богатство планира да го донира во добротворни цели, а неговите деца ќе ги остави со празни раце, не поради тоа што тој не сака да им подари удобен живот туку бидејќи на тој начин тие ќе го следат примерот на својот татко, пренесува Daily Mail.
"Филозофијата на мојот татко беше ваква: "Ќе ти го обезбедам најдобриот почеток во животот кој можам да си го дозволам, а останатото е на тебе". Тоа е сега и мојата филозофија. Мојата сопруга и јас свесно одлучивме да не се менуваме. Децата нема да добијат ништо", изјавува Робертс.
Неговите пет деца дознале за огромното богатство на татко им преку медиумите, а Робертс сака децата да му бидат нормални и среќни со кариерите кои сами ќе ги одберат. Неговата ќерка посакува да биде наставничка, а тој се плаши дека тоа би можело да и' претставува проблем во работата доколку се дознае дека таа седи на милиони долари наследство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа