Даниел: Каква иронија- ме исфрлија од музичко училиште а сега ме сака цел Балкан
Првиот победник на регионалното мучико шоу Икс Фактор Даниел Кајмакоски во наредниот период го очекуваат многу проекти и работа.
Даниел ќе патува со Кики Лесиндриќ во САД, во план е и снимање на првиот сингл, кој ќе го направи неговиот ментор Жељко Јоксимовиќ.
Македонската гордост за спрскиот курир изјави дека бил исфрлен од музичко училиште бидејќи професорот сметал дека нема талент.
- Се запишав во Музичка гимназија, која морав да ја напуштам после година дена. Мојот професор сметаше дека немам доволно слух за музика. Ги посоветува моите родители да ме запишат во друго училиште. После извесно време ми се извини и ме повика на вечера, раскажал Даниел.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа