Анџелина Џоли му фрлила око на Џаред Лето?
Познатата холивудска актерка, Анџелина Џоли, е магепсана од оскаровецот Џеред Лето и сака во скоро време да соработува со него.
Откога заврши доделувањето на Оскарите, како што пишуваат странските медиуми, Анџелина Џоли не може да престане да зборува за оскаровецот Џеред Лето и колку тој е талентиран глумец.
Сега Анџелина сака да соработува со Џеред, додека Бред Пит не е ни малку среќен поради тоа.
Џоли и Лето веќе имаат соработувано заедно во филмот „Александар“ кога многумина тврдеа дека постои хемија помеѓу двајцата глумци.
Таа пред неколку денови закажала состанок со Џеред како би разговарале за идната евентуална соработка.
„Бред Пит е многу лут и ѝ забранува, затоа што Џеред е познат како голем миленик на жените. Кога се обиде да ја спречи Анџелина од нејзината замисла, таа не сакала да слушне за тоа и продолжила по свое“ – рече извор близок на ѕвездите.
Замислата на Анџелина е да режира филм со Џеред во главната улога затоа што во моментов смета дека токму тој е најголемиот заводник во Холивуд.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа