Се обидел да се самоубие зошто не успеал да направи добра "селфи" фотографија

 

Дека правењето на селфи фотографии кои се многу популарни на Фејсбук може да имаат негативен ефект докажува тоа што овој млад Британец  кој пробал да си го одземе животот бидејќи не можел да направи фотографија која му се допаѓа.

Дени Боумен Њукасл поминувал 10 часа дневно правејќи по 200 “селфи” фотографии, тој се отпишал од школо, не излегувал од дома цели шест месеци. Тој ослабел скоро 12 килограми за да изгледа попривлечно на фотографиите.  Родителите биле загрижени за него и навистина се исплашиле. Кога пробале да му го одземат телефонот тој станал агресивен. Кога сватил дека не може да успее да направи фотографија каква тој сака пробал да се предозира, но за среќа животот му го спасила неговата мајка Пени.

Британските медиуми објавија дека ова е прв ваков случај млад човек да биде зависник од “селфи” фотографии.

Денес 19-годишниот Дени се обидува да живее нормален живот по интензивната нега во болница и третман на зависноста од технологија, опсесивно - компулсивно нарушување.

" Пробував да направам совршени селфи фотографии и кога сватив дека тоа не е возможно сакав да умрам” вели Дени.

 " Многу ми беше важно да имам мобилен и да можам во секој момент да се фотографирам. Луѓето не можеа да ја сватат таа потреба да се објави сопствена фотографија на Фејсбук. Сакате другите да ве прифатат па поради тоа станувате опседнати до тој степен што тоа може да ве уништи.Тоа е исто како кога сте зависник од дрога, алкохол, или коцкање додава Дени.

25.03.2014 - 15:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега