ВИДЕО: Колку од вас би помогнале на изгубено девојче?

 

Во британските медиуми овие денови се повеќе се пишува за поразувачките резултати од еден социјален експеримент, кој покажа дека од 616 случајни минувачи само едно лице се одлучи да помогне на изгубено девојче.

Задачата на ова девојче беше да изгледа „што поизгубено“, и загрижено стоеше на една британска железничка станица држејќи играчка, но минувачите очигледно не реагирале на неа.

Медиумите пишуваат дека некогаш било нормално да се застане и се обидеш да помогнеш на изгубено дете, но тоа денес очигледно повеќе не е случај. Од 616 минувачи, само една постара госпоѓа одлучи да помогне на седумгодишно девојче, додека другите само го одминувале.

- Стоешe предолго сама без родителите или пријателите, па и се доближив. Иако, морам да признаам дека не бев сигурна дали ќе ја прашам дали е се во ред, раскажува Прл Питчер.

Оваа појава експертите ја објаснуваат со зафатеноста на минувачите, но и стравот, кој пред се е присутен кај возрасните мажи, кои не сакаат нивната постапка погрешно да се сфати. Но, додаваат и дека грижата за децата би требало да биде посилна од стравот. 

25.03.2014 - 16:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега