Почина легендарната актерка Мери Бошкова
Почина легендарната актерката Мери Бошкова, родена во Битола, на 2 мај 1924 година, која ќе остане вечно запаметена по насловната улога во првиот македонски долгометражен филм „Фросина“ (1952), како и во првата македонска филмска комедија „Мирно Лето“ (1961) и комедијата на Бранислав Нушиќ, „Госпоѓа Министерка.
Бошкова беше активна и во радио-драмата, тв-драмите, како и на филмот.
Добитничката на големи награди и признанија, почина непосредно пред својот 90 роденден.
Погребот ќе биде извршен утре, на 27 март, на Светскиот ден на театарот.
26.03.2014 - 09:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа