Преслатко- ова е најмалото кученце на светот

 

Микаил Мили е најмалиот пес во светот и се запиша во Гинисовата книга на рекорди. Тоа стана ѕвезда ширум светот, има своја модна линија, а буквално може да го држите во рака. Кафената чивава од Порторико е најмалиот пес со висина од 9, 65 сантиметри.

Тој е во сопственост на Ванеса Семлер од Порторико. За да имате идеја за тоа колку навистина е мало ова кученце зборуваат информациите добиени дека како бебе кученцето пиело млеко од пипета. По раѓањето неговата тежина беше само 28 грама и можело да се смести во една лажичка.

Сега може да се пофали со тежина од 500 грама и големина колку просечен паметен телефон.

Ова кученце е старо 2 ипол години и познато е по својот исплазен јазик кога и да посака некој да го слика а Ванеса вели дека таа го има научено нејзиното кученце да позира.

Кученцето Мили е приврзано за своите две сестри но повеќе сака да биде во присуство на луѓе.

26.03.2014 - 11:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега