Пред камерите "главна" а во приватноста повлечена
Иако таа е „главна“ пред камерите и на сцената, сепак во во приватноста е повлечена и поинаква. Во неодамнешното радиско интервју, Гага призна дека во врската е главен Тејлор Кини, нејзиното момче.
- Вистина е, тој е главен. Кога сум дома, правам вечера. Тој исто така работи и многу е ангажиран, рече пејачката.
- Последно што сакам да направам е да му кажувам што да прави, објасни таа и додаде дека не е добро за врската на мажите да им се зборува што да прават.
Врската на Лејди Гага и Тејлор Кини започнала кога тие се запознале во 2011 година и тоа на снимање за нејзиниот спот „You and I“. Гостувајќи во емисијата на Елен Деџенирес раскажа дека ја освоил во моментот кога на снимањето ја бакнал, иако тоа не било во сценариото.
- Се прашував дали тоа беше вистинско и одглумено. Тој ништо не коментираше, а мене тоа ми одговараше и продолживме со снимањето, раскажа добитничката на Греми.
- Тој е многу чуден и така се надополнуваме, изјави вљубената пејачка.
- На крајот на краиштата, тој е мојот најдобар пријател. Кога љубовникот ви е и пријател, тоа е најдобрата работа, заклучи Гага.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа