Денеска облечете нешто виолетово-еве зошто

 

 

Виолетовиот ден е "основан" на 26 Март 2008 година, по желба на девојчето Кесиди Меган, нејзиното семејство и Организацијата за епилепсија од Нова Шкотска во Канада. 

Кесиди која тогаш била деветгодишно девојче со епилепсија, поради чувството на осаменост и неразбирање, иазразила желба на сите да им зборува за епилепсијата и да им покаже дека луѓето кои боледуваат од оваа болест не се разликуваат од другите луѓе.

Поради наведеното, Кесиди одлучи да сподели со сите дека таа сака во своето слободно време да глуми, да си игра со своите пријатели, да се гриѓи за своите миленичиња и да го поминува времето со совоето семејство. Во текот на изминатите четири години лицето на Кесиди се насмевнува од илјадници плакати и испраќаше пораки „Сакам луѓето да знаат дека не се сами ако имаш епилепсија“.

За одбележувањето на денот избрана е виолетовата боја на лаванда која е интернационална боја на епилепсијата, а исто така е поврзана и со чувството на осаменост, кое често се јавува како последица на социјалната стигматизација и изолација на лицата со епилепсија.

26.03.2014 - 12:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега