АМС и ОБСЕ ќе ја подигаат свеста кај младите за последиците од говорот на омразата

Агенцијата за млади и спорт и Мисијата на ОБСе потпишаа Меморандум за соработка во рамки на Европската недела против расна дискриминција, за едукација и подигнување на свеста кај младите луѓе за последиците од говорот на омраза.

Планираните активности ќе бидат имплементирани во соработка меѓу Агенцијата за млади и спорт, Мисијата на ОБСЕ, но и повеќе институции и организации.

Кампањата против говор на омраза започна во март 2013 година, а предвидено е да трае до декември 2014 година. Во неа, освен Агенцијата за млади и спорт, како национален координатор во Националниот комитет против говор на омраза вклучени се и повеќе институции и организации кои работат на прашања поврзани со унапредувањето на човековите права, недискриминацијата и спречувањето на говорот на омраза.

 

26.03.2014 - 12:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега