На само 13 години пејачката Шер завршила во затвор

 

Популарната пејачка Шер кога имала само 13 години украла автомобил и нормално завршила во затвор.

Таа била во затвор затоа што ѝ го украла автомобилот на својата мајка.

Тоа не било ништо необично за ова проблематична тинејџерка која, после разводот на родителите, еден краток временски период била згрижена од друго семејство затоа што нејзината мајка немала пари за да се грижи за неа.

Бидејќи повторно се вратила кај својата мајка, Шер тргнала на часови по глума, започнала да излегува со Ворен Бити и го напуштила школото на своја 16-годишна возраст поради дислексија.

Побегнала од дома како тинејџерка, се омажила и развела од Сони и станала музичка легенда, а за своите актерски способности наградена е и со Оскар.

26.03.2014 - 13:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега