Врвните специјалисти од САД помагаат да напредува македонскиот здравствен систем

Успешно се одвива втората година од проектот за работа и престој на врвните специјалисти од САД во Македонија. Денеска министерот за здравство, Никола Тодоров, одржа средба со специјалистите кои се присутни во земјава и со координаторот на проектот Енди Сандерс.

-Во Македонија престојува доктор Дејвид Ларсон, кој е еден од водечките хирурзи во САД, со огромно искуство во ОРЛ и пластичната хирургија. Специјалистот и водечкиот професор во САД за деца со хормонални нарушувања, Роберт Хофман, работи со своите колеги од детската клиника и држи предавања на персоналот и специјализантите. Исто така, во моментов во Македонија престојува и Марк Лејси, специјалист по инфективни заболувања, ХИВ и превенција на инфекции, истакна Тодоров.

За време на својот престој во Македонија, врвните специјалисти, изготвуваат посебен извештај кој го доставуваат до Министерството за здравство, со нивното видување за здравствениот систем во Македонија и со препораки за тоа што треба да се направи и во кои области е потребен напредок.

ФОТО: Курир

26.03.2014 - 13:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега