По цели 10 години брак се разведуваат Гвинет Палтроу и Крис Мартин

 

Холивудската актерка Гвинет Палтроу (41) и солистот на групата „Колдплеј“ Крис Мартин се разведуваат, по повеќе од десет години брачен живот.

Палтроу и Мартин се венчаа на една затворена церемонија во декември 2003 година, кусо време откако беше соопштено дека актерката е бремена. Имаат две деца, десетгодишна ќерка и седумгодишен син.

Претставник на групата „Колдплеј“ која се подготвува за издавање на нивниот шести по ред студиски албум, потврди денеска дека Мартин и Палтроу не се повеќе заедно.

На нивната интернет страница, тие признаваат дека кризата во бракот траела повеќе од една година, како и дека во тоа време и обајцата настојувале да го спасат бракот од распаѓање.

- Како и да е, ние остануваме семејство и на многу начини, сега сме дури и поблиски од кога било  досега, пишуваат двајцата доскорешни сопружници.

Тие велат дека на прво место и понатаму се нивните деца и родителските обврски, замолувајќи ги медиумите и јавноста за почитување на приватноста на сите, во овие „тешки моменти“.

Палтроу и Мартин до минатата година живееја во Лондон, но од 2013 година се преселија во САД, уредувајќи свој нов дом во Лос Анџелес.

Неколкупати потоа, Палтроу даваше изјави дека сака да се врати во Велика Британија и во Лондон, за да „го среди семејството“.

Гвинет Палтроу во 1998 година ја доби наградата Оскар за својата улога во филмот „Вљубениот Шекспир“, а Крис Мартин најави, дека покрај музиката, ќе биде и еден од „судиите“ во американската верзија на забавната програма „Воисис“.

26.03.2014 - 14:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега