Во судирот меѓу полицијата и фановите на Металика повредени 20 лица

 

Еден полицаец и тројца припадници на обезбедувањето биле повредени, додека околу 50 луѓе се уапсени наведува полицијата. 

Во текот на синоќешниот концерт, кој синоќа се одржа во Асунсион присуствуваа 35.000 гледачи, додека околу 2.000 млади кои немале карти се обидувале повеќе пати со сила да влезат во арената, гаѓајќи ја полицијата со флаши и камења, пренесуваат сведоците.

Полицијата возвратила со гумени истрели, при што 20 фанови на Металика биле повредени.

Металика моментално е на турнеја низ Јужна Америка.

26.03.2014 - 14:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега