Наоми Кембел воопштно не е импресионирана од последната насловната со Ким и Кание
Светски познатиот супермодел Наоми Кемпбел призна дека воопшто не е импресионирана од насловната на американското издание на “Вог”, на која идните младоженци Ким Кардашијан и Кање Вест позираат облечени како за свадбениот ден.
Наоми, не престанува да блеска на модна писта и била лице на илјадници корици, и поради тоа таа тврди дека оваа на Ким и Кание дефинитивно не се издвојува со оригиналност.
За време на учеството во австралиски пренос, водителката ја праша 43-годишната ѕвезда што мисли за насловната на последниот број на “Вог” во САД, а Наоми со насмевка се обиде да ја одврати од прашањето. ”Јас сум манекенка, не сакам да коментирам оваа тема”.
“Во овој бизнис сум од 28-та година и кога се сликаш за корица на” Вог “тоа значи многу, тоа е отскочна даска во кариерата и пат кон постигнување на целите”, коментира Кембел.
По очигледното одбегнување на точен одговор од страна на супермоделот, водителката на шоуто запраша поконкретно и директно ја праша дали смета дека Ким и Кање заслужуваат да бидат на насловната страница на весникот.
“Тоа е личен избор на главната уредничка Ана Винтер. Ако таа така проценила, значи заслужуваат”, одговори Кембел.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа