Дружете се со учесниците од „Танц со ѕвездите“ во петок

Во петок ќе се одржи спектакуларна забава во ноќниот клуб Театро по повод големото финале на шоуто „Танц со ѕвездите“ 2.

Танцовите двојки составени од позната јавна личност и професионален танчер со месеци се натпреваруваа. Викендов беа прогласени победниците- Наташа Илиевска и Даниел Кимовски.

Не пропуштајте да бидете дел од големата забава со ѕвездите и танчарите од втората сезона на „Танц со ѕвездите“ во Клуб Театро. Влезот е слободен.

26.03.2014 - 19:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега