Ќе се избираат најуспешни жени менаџерки од Македонија за 2013
Агенцијата „Марили“ по 18-ти пат вечерва ќе ги избере најуспешните жени менаџерки од Република Македонија.
Меѓу избраните жени менаџерки за 2013 година се Маријана Ангелоска од „Ариљеметал“- Скопје, Марина Бадаровска Мишевска од Казино Фламинго-Гевгелија, Маја Димовска од Чоколографија Македонија од Скопје, Тања Дејаноска од ПЗУ Дентал интернационал Дејаноски од Скопје, Евгенија Зафировска од Бестел од Скопје, Даниела Пиперкоска од Луцерн ВИП од Скопје, Анета Антова Пешева од Унет Ултра од Скопје, Магдалена Симоновска од Шевро од Куманово и Славица Тодоровска од Хемофарм од претставништвото во Скопје.
Во рамките на Манифестацијата ќе биде промовирано и новото издание на Бизнис каталогот на Република Македонија,.
Инаку, средствата собрани од оваа акција се наменети за апарат за биопсија и рана детекција на карциномот, а ќе биде дониран на Клиниката за радиотерапија и онкологија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа