Гостиварчанец го оштетил буџетот за 956.000 денари
Гостиварчанец си заработи кривична пријава за даночно затајување.
Според податоците од полицијата, се работи за 37-годишниот А.И. кој во период од 2007 до 2010 година, како одговорно лице во фирмата „Санта Трејд“ неводејќи евиденција за остварениот промет и негово оданочување со ДДВ, противправно се стекнал со имотна корист од 956.229 денари, на штета на Буџетот на Р Македонија.
27.03.2014 - 11:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа