Крадец излегол со богат плен од куќа во битолско
Крадците не запираат. Во текот на вчерашниот ден во селото бистрица во битолско, во куќата на 58-годишниот Д.Ј. засега непознат сторител со погоден предмет извршил тешка кражба.
Крадецот успеал да одземе воздушна пушка, 2.450 американски долари , 1.400 евра и разновиден златен накит, со што се стекнал со 210.000 ден.
Полицијата работи на случајот.
27.03.2014 - 11:40
Фото:
Евести
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа