Избегната голема трагедија: Куршум заврши во тоалетот на зградата на општина Велес

 

Избегната е голема трагедија во зградата на општина Велес. Вчера можеше да биде застрелан некој од вработените.

Полициски службеник чистејќи го пиштолот во својата канцеларија поради небрежност испукал куршум кој завршил во прозорецот од тоалетот на локалната самоуправа.

За среќа во тој момент немало никој во просторијата.

Од велешката полиција го потврдуваат случајот. Велат дека е направен увид а постапка ќе води и внатрешната контрола.

Вработените во општината објаснуваат дека испуканиот проектил можел да биде смртоносен оти дупката во прозорецот била во висина на човек.

Инаку полицијата и општината во Велес, сместени се во иста зграда.

27.03.2014 - 19:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега