„Ова е мојот глас“ - Македонија освои прво место на Светскиот форум на Мајкрософт

Во конкуренција од над 1.100 учесници од 97 различни земји во светот, „Ова е мојот глас“ на двајца наставници од Македонија го освои првото место на едукативниот натпревар на Мајкрософт во Барселона.

- Им дадовме можност на учениците со помош на технологија да ги кажат проблемите од секојдневниот живот при што преовладуваа три теми предвремен брак, културно наследство и насилство во училиштата, рече Дарко Талески, еден од двајцата наградени наставници, за натпреварот на кој се обработувале теми од секојдневието.

Како што информира Влора Адеми, менаџер на академски програми на Мајкрософт за Македонија, Мајкрософт со години преку свои програми за образование, блиску е поврзан со сите учесници во образовниот процес давајќи постојана помош во процесот на прифаќање и користење нови пристапи во образованието, пред се преку користење технологија со чија помош кај учесниците поефективно се развиваат ткн. вештини на 21. век. Она што е сега важно е ова знаење и искуство на настанивиците да се примени на национално ниво, да се подигне нивото на работа на наставниците на целоата образовна заедница и со помош на владините институции да се започне оваа промена со која Македонија ќе биде препознаена како лидер во регионот.

- Мајкрософт помага во трансформција на образовниот процес, а особено во фокусот ни се младите каде невработеноста е голема и затоа се трудиме да донесеме технологија која ќе им помогне да ги реализираат своите потенцијали и да најдат работа и да почнат бизнис, истакна Стефан Плавјански, генерален директор на Мајкрософт за Македонија.

Инаку, целта на форумот е споделување на најдобрите образовни пракци, размена на искуства и оддавање признание на најинвентивните училишни лидери и наставници, кои на најдобар начин преку технологијата им помагаат на учениците да го остварат својот потенцијал.

28.03.2014 - 13:43
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега