ВИДЕО: Тие имаат проблем кој може да се реши само со секс
За поттикнување на наталитетот во Данска снимена е урнебесно забавна реклама под слоганот „Направете го тоа за Данска“.
Двојките во Данска се поттикнуваат на патување на кои би можеле да помогнат на поддигнување на наталитетот во таа земја.
Во видеото се објаснува дека бегството од секојдневието го поттикнува либидо и кај мажите и кај жените, а тоа го потврдуваат и експертите кои тврдат дека речиси половина од двојките повеќе водат љубов кога се на одмор.
Рекламата нуди бесплатни одмори на сите оние кои се спремни да направат дете на таканареченото "овулаторно патување".
Данска има проблем кој може да биде решен само по пат на секс, бидејќи во 27 години бројот на раѓања не бил помал, а оваа реклама за пофалба може да биде решение за тој проблем.
Видеото брзо се пршири по социјалните мрежи, а само во еден ден го прфледале околу еден милион гледачи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа