Лабораториите на Ветеринарниот факултет водечки во регионот

Министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска изјави дека лабораториите на институтите за храна, ветеринарство и биомедицина кои функционираат во рамки на Факултетот за ветеринарна медицина не случајно сепрогласени за регионален тренинг центар. 

- Во овие лаборатории се анализира квалитетот на храната од животинско потекло со користење 104 акредитирани методи и најсовремена опрема. Прогласени за регионален тренинг центар од страна на Меѓународната агенција за атомска енергија со седиште во Виена што е од исклучително значање за промоција на Македонија во делот на научно-истражувачката и апликативната дејност, изјави министерот за образование и наука.

Тој посебно се осврна на атомскиот апсорбер кој овозможува контрола на тешките метали во храната. - Со ова, лабораторијата е лидер во регинот. Следниот период Владата ќе и помогне за уште повеќе да се комерцијализира, потенцира министерот.

Деканот на Факултетот Дине Митров информира дека капацитетот на лабораториите е стопроцентно искористен.

- Кога беше кризата со афлатоксините работевме во три смени, по потреба работиме во две. Се обидуваме се да завршиме. Максимално сме оптоварени со работа за потребите на граѓаните во делот на храната и здравствена заштита на животните, како и во дијагностиката на болести пропшиани од Агенцијата за храна, нагласи Митров.

Министерот Спировски при посетата беше придружуван од ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Велимир Стојковски.

28.03.2014 - 14:56
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега