Малите сипаници земаат замав - заразено две ипол месечно бебенце

Епидемијата на морбили е само уште еден аргумент повеќе дека не смее да се размислува и да се преземаат чекори за намалување на вакцинацијата или за воведување на незадолжително вакцинирање. Ова денеска го изјави министерот за здравство, Никола Тодоров, одговарајќи на новинарско прашање пред трибината за сурогат мајчинство.

- Ниту еден родител нема право на погрешен избор за здравјето на неговото дете. Напротив, има обврска да се грижи за здравјето на детето. Имаме епидемија на морбили. Дваесет и пет случаи се клинички потврдени, а денеска имаме уште осум нови случаи, кои сеуште не се потврдени. Тоа покажува дека многу малку треба за да се појави епидемија, истакна Тодоров.

Министерот додаде и дека не треба да се мисли дали да се пуштаат децата во градинки, училиште или на масовни собири, туку треба да се мисли да се вакцинираат. 

- Тоа е основната препорака која е дадена од Комисијата - да се погледнат сите картони за вакцинација и оние што не се вакцинирани да го сторат тоа, особено тие кои во семејството имаат некој заразен, заврши Тодоров.

28.03.2014 - 15:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега