Надминат проблемот со вишокот свинско месо

Проблемот со вишокот свинско месо е надминат. Сега ги утврдуваме политиките што треба да се спроведат во следниот период, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски по посетата на кланицата „Агриа“ во Велес. 

- Целта на Министерството е зголемување на производство на свинско месо. Од 170.000 свињи, бројката достигна 300.000 што е голем напредок. Се зголемува и бројот на мали фарми со 50 до 100 грла. Работата на одгледувачите треба да биде координирана за да можеме да го заштитиме и унапредиме секоторт свињарство, рече Димовски, потсетувајќи дека Владата во текот на минатата година донесе одлука за распроделба на државно земјоделско земјиште на одгледувачите на свињи со цел сами да произведуваат сточна храна.

Според Димовски, „Агриа“ е еден од најголемите производители на свинско месо во земјава и меѓу најкооперативните партнери кои овозможија решавање на проблемот со вишокот 180 до 200 тони живо свинско месо.

Кланицата, соопшти сопственикот Перо Колевски, допрва ги разработува механизмите за проширување на производството. Наскоро ќе отвор уште еден, нов погон. Целта е да снабдува значителна количина од потребите на македонскиот пазар.

- Очекуваме поддршка од Владата во наредните неколку години. Ако не 100 проценти, барем 70-80 отсто од македонскиот пазар да биде снабден со свинско од домашно производство, изјави Колевски.

Во Македонија се произведуваат околу 11.000 тони свежо свинско месо, а се увезуваат околу 11-12 илјади тони замрзнато. „Агриа“, пак, произведува 3,5 милиони килограми свежо месо.

 

28.03.2014 - 15:45
Фото: 
Sitel

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега