СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со квалитетните кандидати кои ги нудиме

 

Никола Груевски и ВМРО - ДПМНЕ не можат да го прифатат фактот какви кандидатски листи за пратеници понуди Социјалдемократскиот сојуз на граѓаните на Република Македонија за претстојните парламентарни избори. Дека на листите се наоѓаат луѓе од најголема доверба во средините од каде потекнуваат, за што беа направени анкети, стои во писмената реакција на СДСМ, на денешната прес-конференција на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

-Можеби ги мачи какви ќе бидат реакциите на нивните кандидатски листи на коишто треба да се најдат функционерите богаташи на ВМРО - ДПМНЕ кои купиле станови и имот каде стигнале, а некои од врвот на ВМРО - ДПМНЕ ги освоиле и Прага и рајските земји, се вели во реакциите.

 

Листите со кандидати за пратеници на СДСМ, стои во реакцијата, се за граѓаните на Македонија, не се за ВМРО -ДПМНЕ и Никола Груевски.

28.03.2014 - 15:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега