МВР демантираше: Одложената посета на Пендаровски во Шуто Оризари не е во консултација со МВР

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира сите невистини и шпекулации изнесени од страна на Социјалдемократскиот сојуз, кои некои медиуми ги пренесоа под наслов - „Во Шуто Оризари се подготвувал инцидент за Пендаровски - посетата откажана“.

-Целосна лага е дека одлуката да се одложи предизборната активност на кандидатот Стево Пендаровски била донесена во консултации со МВР. МВР ниту регистрирало каква било закана или ризик, ниту изготвило безбедносна проценка врз чија основа сугерирало откажување на посетата на Шуто Оризари .Целата кампања досега минува мирно, демократски и без ниту еден инцидент. Доколку станува збор за обид да се компромитираат изборите и да се фрли црна дамка на досегашниот тек од кампањата, апелираме на чесна политичка борба без манипулации кои го доведуваат во прашање угледот на Република Македонија. Нам не ни е позната причината за одложување на предвидената средба, но би било коректно штабот на кандидатот да не се покрива за своите одлуки користејќи го Министерството како институција, се вели во реакцијата на Министерството за внатрешни работи.

Оттаму ги повикуваат сите политички партии да го задржат нивото и достоинството пред се заради граѓаните од кои ја бараат поддршката.

28.03.2014 - 18:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега